прва страна     контакт     мапа на сајтот     english  
Лични Финансии Бизнис Финансии За банката
 
 Новости
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЗАПИШАНИ И ПЛАТЕНИ ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ ОД ЈАВНА ПОНУДА


Друштвото НЛБ Тутунска банка АД Скопје известува дека на ден 14.11.2008 заврши првата емисија на хартии од вредност-обврзници.

Јавната понуда на хартиите од вредност е одобрена со Решение бр. 07-609/7 од 07.05.2008 на Комисијата за хартии од вредност.  Поканата за запишување и уплата на хартии од вредност беше објавена во дневните весници  Дневник и Коха на ден  28.05.2008 година, а измените на проспектот за запишување на хартии од вредност објавен во весниците Дневник и Коха на 04.09.2008, а на веб страницата на берзата www.mse.com.mk  на ден 28.05.2008 година, кога беше објавен и проспектот за запишување и уплата на хартиите од вредност.

По завршување на рокот за реализација на јавната понуда, од понудените 12.000 должнички хартии од вредност-обврзници, продадени се вкупно 10.663 должнички хартии од вредност-обврзници, во вкупен износ од мкд 653.494.868,50, со што јавната понуда е реализирана со процент на реализација од 88,858%.

Хартиите од вредност ќе бидат пријавени за упис во депозитарот на хартии до вредност. Правата од хартиите од вредност настануваат по уписот на хартиите од вредност на сметка на сопственикот во депозитарот за хартии од вредност.

 

 

 

 
Сите права загарантирани Тутунска банка 2005