Практикантска работа

Практикантска работа

За сите динамични и мотивирани кадри кои се за интересирани за запознавање на банкарското работење,  нудиме можност за остварување на практикантска  работа во рамки на организационите единици на НЛБ Тутунска банка.

           

За да го остварите ова, потребно е да ја пополните апликацијата за пракса  (Кликни тука) и да ги исполните следните услови:

                     

Øда сте студент на додипломски студии или последипломски студии на Економските, Правните или Факултетите за информатичка технологија во земјата
Øда имате солидно познавање  на англискиот јазик               
Ø да имате познавање на MS Office пакетот               
Ø да имате позитивен пристап и мотивираност               
Ø да имате подготвеност за работа и тимски дух.                      

           

Реализација на работната пракса е во траење од 1 месец со можности за  нејзино продолжување до 3 месеци. 

           

Праксата ќе се организира согласно диманиката на барањата на Банката за практиканти и селекција на кандидатите кои се пријавиле за пракса.