Правни лица | НЛБ Е-трговија | Технички и безбедносни аспекти

Технички и безбедносни аспекти

Решението за електронска трговија (e-commerce) на НЛБ Тутунска банка е развиено\поддржано од First Data.
  
Решението кое го нудиме функционира согласно 3D Secure безбедносниот принцип развиен од страна на меѓународните платежни системи Visa International и МasterCard Worldwide, т.е. Verified by Visa и MasterCard Secure Code решенијата соодветно.

                                                              
Трговецот има обврска да креира web продавница на своето интернет продажно место која ќе го води купувачот во процесот на нарачка на производот\услугата.
Во моментот на реализацијата на плаќањето со платежни картички, купувачот се пренасочува на заштитена web страна на Банката на која ги внесува податоците од платежната картичка потребни за реализација на плаќањето со што трговецот не располага со истите. Ваквата пракса има за цел заштита на доверливите податоци за платежните картички и превенција на злоупотреба на истите предизвикана како резултат на несоодветно чување\ракување со истите.
 
По завршување на обработка на трансакцијата се пренасочува назад на интернет продажното место

Дополнителни безбедносни мерки:
-При комуникација помеѓу купувачот и процесорот се користи 128Bit SSL енкрипција
-Регистрација на IP адресата на интернет продавницата - продажната трансакција може да се иницира само од регистрирана IP адреса со што е оневозможена злоупотреба на интернет продавницата како резултат на:
         -копирање на страната и
         -лажно представување од страна на трето лице