About Us | Press releases

About Us

НЛБ Тутунска банка „Најдобра банка во Македонија за 2012 година“

На 5 јули во Лондон, НЛБ Тутунска банка е прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2012 година од страна на угледниот финансиски магазин „EUROMONEY“.  

На свечената церемонија којашто се одржа на 5 Јули во Лондон, угледниот финансиски магазин „Euromoney“ ги додели глобалните и регионалните награди за најдобрите во банкарството во 2012 година.
За најдобра банка во Македонија за 2012 година е прогласена НЛБ Тутунска банка. 

Наградата за најдобрите во банкарството се базира на постигнати извонредни финансиски резултати, највисок квалитет на продуктите и услугите на банката, иновативност во работењето и лидерство во банкарскиот сектор во 2011 година.

Со успешните резултати кои ги остварува во континуитет, НЛБ Тутунска банка продолжува да биде меѓу најстабилните банки во Македонија и банка со многу меѓународни признанија.