Од 01.06.2012 година НЛБ Тутунска банка изврши промена на дел од провизиите за вршење на платен промет во земјата.
Промените се однесуваат на: - Провизиите за водење на трансакциски сметки на правни лица. - Провизиите за вршење на безготовински платен промет. - Провизии за уплати во готово од физички лица кои немаат сметка во Банката.
Детални информации за промените може да видите во новиот Тарифник за платен промет или во експозитурите на Банката.
Истовремено сакаме да Ве информираме дека на располагање Ви стои сервисот за вршење на електронско банкарство каде налозите и понатаму ќе се реализираат со непроменети провизиони стапки кои се пониски во однос на провизиите кои Банката ќе ги наплаќа за реализација на налозите преку шалтер.