За Банката | Соопштенија за јавност

За Банката

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ГОДИШНО СОБРАНИТЕ НА АКЦИОНЕРИ ЗА 2012 ГОДИНА

Врз основа на член 40 и 41 од Статутот на НЛБ Тутунска банка АД Скопје, а согласно Одлуката на Надзорниот одбор бр. 0202 – 47/1, 24.02.2012 година


НЛБ Тутунска банка АД Скопје


ВЕ ПОКАНУВА да учествувате на Годишно собрание на акционерите на НЛБ Тутунска банка АД Скопје

Годишното собрание на акционери на  НЛБ Тутунска банка АД Скопје, ќе се одржи на ден 30.03.2012 година (петок), со почеток во 11.00 часот, во простории на НЛБ Тутунска банка АД Скопје, на ул. Водњанска бр.1, Скопје со следниот:


Дневен ред

1. Избор на Претседавач на Собранието;

2. Избор на Записничар на Собранието;

3. Годишен извештај за работењето на НЛБ Тутунска банка АД Скопје за 2011 година, со:
• Мислење на Надзорниот одбор по Годишниот извештај за работењето на НЛБ Тутунска банка АД Скопје за 2011 година;
• Предлог – Одлука за усвојување на Годишниот извештај за работењето на НЛБ Тутунска банка АД Скопје за 2011 година;

4. Извештај на Ревизорската куќа PWC за извршена ревизија на финансиските извештаи на НЛБ Тутунска банка АД Скопје за 2011 година (табели) и извештај според IFRS со:
• Извештај за контрола и Мислење на Надзорниот одбор по Извештајот на Ревизорската куќа, PWC за извршена ревизија на финансиските извештаи на НЛБ Тутунска банка АД Скопје, за 2011 година;
• Предлог–Одлука за усвојување на Извештајот на Ревизорската куќа, PWC за извршена ревизија на финансиските извештаи на НЛБ Тутунска банка АД Скопје, за 2011 година;

5. Годишен извештај за работењето на Надзорниот одбор во 2011 година со:
• Оцена на работата на Надзорниот одбор за 2011 година
;
• Предлог – Одлука за усвојување на Извештајот за работа на Надзорниот одбор на НЛБ Тутунска банка АД Скопје за 2011 година;

6. Предлог – Одлуки за одобрување на работата на членовите на Надзорен одбор;

7. Годишен извештај за работењето на Управниот одбор во 2011 година со:
• Предлог – Одлука за усвојување на Извештајот за работа на Управниот одбор на НЛБ Тутунска банка АД Скопје за 2011 година;

8. Предлог – Одлуки за одобрување на работата на членовите на Управниот одбор;

9. Извештај за работа на Одборот за ревизија на НЛБ Тутунска банка АД Скопје за 2011 година со:
• Оцена на работата на Одборот за ревизија за 2011 година
;
• Предлог – Oдлука за усвојување на Извештајот за работа на Одборот за ревизија на НЛБ Тутунска банка АД Скопје за 2011 година;

10. Извештај за работата на Секторот за внатрешна ревизија за 2011 година со:
• Мислење на Надзорниот одбор за Извештајот за работата на Секторот за внатрешна ревизија за 2011 година;
• Предлог – Oдлука за усвојување на Извештајот за работата на Секторот за внатрешна ревизија за 2011 година;

11. Предлог – Одлука за усвојување на годишна сметка на НЛБ Тутунска банка АД Скопје за 2011 година;

12. Предлог – Одлука за употреба и распоредување на добивката по годишната сметка на НЛБ Тутунска банка АД Скопје за 2011 година;

13. Стратешки насоки за развојот и работењето на НЛБ Тутунска банка АД Скопје за период 2012-2016 година со:
• Предлог – Oдлука за усвојување на Стратешките насоки за развојот и работењето на НЛБ Тутунска банка АД Скопје за период 2012-2016 година;

14. Деловна политика на НЛБ Тутунска банка АД Скопје за 2012 година со:
• Предлог – Oдлука за усвојување на Деловната политика на НЛБ Тутунска банка АД Скопје за 2012 година;

15. Предлог – Одлука за усвојување на листата на нето должници на НЛБ Тутунска банка АД Скопје;

16. Предлог – Одлука за назначување Друштво за ревизија;

17. Предлог – Кодекс за корпоративно управување;

18. Предлог – Статутарна одлука за измени и дополнувања на Статутот на НЛБ Тутунска банка АД Скопје.

  • Амандман поднесен на седницата;
  • Пречистен текст на Статутарната одлука за измени и дополнувања на Статутот на НЛБ Тутунска банка АД Скопје.

Се повикуваат акционерите да учествуваат во работата на Собранието.

Секој акционер кој има намера да учествува на Собранието на Банката е должен да го пријави своето учество на Собранието (пријава за учество на Собранието) најдоцна пред почетокот на седницата на Собранието до Кабинетот на Управен одбор на НЛБ Тутунска банка АД Скопје (контакт телефон: 02/5100-324 и 02/5100-800, телефакс 02/3105-681).
Секој акционер може да овласти со полномошно свој полномошник на Собранието со потпишување на писмено полномошно.
Собранието ќе одлучува само за прашања кои се уредно ставени на дневен ред, согласно Статутот на Банката и Законот за трговски друштва.
Увид во материјалите од дневниот ред може да изврши секој акционер, секој работен ден од денот на објавата на повикот за свикување на Собрание, од 10.00 до 13.00 часот, во простории на НЛБ Тутунска банка АД Скопје, на ул. Водњанска, бр. 1, 1000 Скопје, Р.Македонија, во Кабинетот на Управен одбор, или на интернет страницата на НЛБ Тутунска банка АД Скопје.

На денот на објава на Јавниот повик, Банката има издадено 854.061 акција, од кои со право на глас 842.502.

 

Во Скопје,


НЛБ Тутунска банка АД Скопје

 

Усвоени одлуки на годишното собрание на акционери на НЛБ Тутунска банка АД Скопје одржано на 30.03.2012 година


Вклучување на нови точки и одлуки во дневниот редОвластување полномошнициПоставување прашања од акционерите
Пријава правно лицеПолномошно правно лицеПрашања од акционерите
Пријава физичко лицеПолномошно физичко лицеОдговори