НЛБ Тутунска банка ги намали каматните стапки на кредитите за население од 0,5 до 3 процентни поени. Банката незначително ги намали и каматните стапки на депозитните продукти за физички лица – најмногу до 0,8 процентни поени кај денарски депозити и 0,2 процентни поени за девизни депозити.
Од 01.02.2010 година, НЛБ Тутунска банка ги намалува каматните стапки на кредитните продукти. Каматната стапка за новоодобрени кредити од продуктите Виолетов и Сребрен потрошувачки кредит се намалува за 3 процентни поени. Истовремено, НЛБ Тутунска банка овозможува рефинансирање на постоечките кредити со поповолни каматни стапки, без провизија за одобрување на кредитите.Намалувањето на каматната стапка за новоодобрени автомобилски кредити е околу 1%, а за хипотекарните намалувањето е 1,1%. За дел од веќе одобрените кредити, Банката ги намали каматните стапки од 0,5% до 8,5%, во зависност од типот на кредит.
Банката ги намалува и каматните стапки на депозитните продукти за физички лица. Намалувањата се движат од 0,6 до 0,8 процентни поени кај денарските депозити и 0,2 процентни поени кај девизните депозити.
Измената на каматните стапки на депозитите стапува на сила од 01.02.2010 и ќе важи за сите новосклучени ависта и орочени депозити, како и за сите депозити орочени во периодот од 01.06.2009 до 01.02.2010 година.
За сите дополнителни информации можете да ја посетите веб страницата – www.nlbtb.com.mk, да се јавите на 02 / 15 600 или да ја посетите најблиската експозитура.
НЛБ Тутунска банка АД Скопје