НЛБ Тутунска банка на својата мрежа на банкомати овозможи дополнителна услуга за сите иматели на платежни картички – а тоа е надополнување на ваучери на припејд корисниците на мобилна телефонија. Надополнувањето може да се направи со било која дебитна или кредитна картичка од програмите на VISA International и MasterCard Worldwide, без оглед на банката издавач, како и со локалните картички издадени од македонските банки.
НЛБ Тутунска банка е единствена банка на пазарот која овозможува надополнување на вачери на при-пејд корисниците на СИТЕ три мобилни оператори присутни на македонскиот пазар: T-Мобиле, ОНЕ и ВИП.
Процесот на надополнување е брз, транспарентен, едноставен и без провизија за корисникот. Со понудата на оваа услуга имателите на платежни картички ќе може да надополнат ваучер на својата или било која друга припејд сметка во било кое време користејќи ја широко распостратената мрежа од преку 140 банкомати на НЛБ Тутунска банка.
Како да дополните при-пејд сметка преку банкомат:
- VIP
- ONE
- T-Mobile