Согласно стратешките определби, НЛБ Тутунска банка преку своите активности врши перманентно промовирање на безготовинските начини на плаќање, како преку издавање на картичките, така и преку ширење на својата мрежа на ПОС терминали за нивното опслужување.
ПОС терминалите на НЛБ Тутунска банка се единствени на пазарот по следните основи:
- Можност за опслужување на картични трансакции со најширок опсег на картични продукти на пазарот
- Maestro картички издадени од сите домашни и странски банки;
- MasterCard картички издадени од сите домашни и странски банки;
- Visa Electron картички издадени од сите домашни и странски банки;
- Visa картички издадени од сите домашни и странски банки;
- Локални картички за домашна употреба издадени од македонски банки
- Diners Club картички издадени од сите домашни и странски издавачи - овозможено е спроведување на трансакции со овој картичен бренд од технички аспект (целосен износ и на рати), додека за комерцијалните аспекти се договарате со Динерс Клуб Интернационал Мак ДОО.
- Највисок степен на безбедност при спроведување на трансакции од горенаведените картични брендови преку ПОС терминали на кои е имплементирана најсовремената чип технологија
- Единствена можност за приспособлива провизија согласно висината на прометот остварен со картички на ПОС терминалот на банката.
ПОС терминалите се даваат на користење на продажните места. При инсталацијата се врши бесплатна обука на вработените за начинот на користење на ПОС терминалот. На располагање Ви е ставена и 24 часовна позадинска логистика во случај на евентуални проблеми.
Банката на дневна основа по e-mail ќе Ви доставува детален извештај за трансакциите со картички преку ПОС терминалите на банката.
За да и Вие станете корисник на ПОС терминал на НЛБ Тутунска банка треба да Пополните барање, а за сите останати дополнителни прашања да го контактирате нашиот дежурен телефон 02/15 600, или прашањата да ги доставите на e-mail адресата pos@tb.com.mk .