Мини Клик

МИНИ КЛИК е пакет кој се користи со помош на корисничко име и лозинка. Со него можете да ја проверите состојбата на Вашите сметки и да ги платите месечните режиски трошоци.

За кого е наменет?

За сите кои сакаат на современ начин, едноставно и брзо да ја проверат состојбата и прометот на своите сметки и да ги подмируваат месечните режиски трошоци преку Интернет, а притоа немаат потреба од други видови на плаќања и пренос на средства меѓу различни сметки.
Мини Клик пакетот може да го користи секој имател на транскациска лична сметка без никаков надомест.

Услуги кои може да се извршуваат преку Мини Клик

  • Преглед на состојба и промет на Вашата лична трансакциска сметка
  • Преглед на состојба и промет на Вашите кредитни картички
  • Преглед на состојба и промет на Вашите депозити
  • Добивање електронски извод
  • Плаќање на месечни режиски трошоци