Следејќи ги потребите на пазарот на капитал, НЛБ Тутунска банка АД Скопје уште во 2003 година започна со давање на старателски услуги, односно отварање и водење на старателски (кустодиски) сметки за нерезиденти кои тргуваат на Македонскиот пазар на Хартии од вредност.
Започнувајки од 2003 година, па се до денес НЛБ Тутунска банка разви услуги на старателство и на своите клиенти им обезбедува висококвалитетни старателски услуги, поделени во две групи, основни старателски услуги и дополнителни услуги:
Главни предности
- отварање и водење на старателски (парични) сметки – денарски и девизни
- чување на средствата
- порамнување на склучени трансакции за Хартии од вредност за сметка на нерезидентите
- одржување на портфолиото на Хартии од вредност на нерезидентите
- наплата и евидентирање на провизии:
- порамнување на транскации
- водење на портфолио - корпоративни активности
- известување на клиентите преку СВИФТ, факс, пошта, e-mail
- за состојби на паричните сметки
- за состојби на сметките за хартии од вредност кои се водат во ЦДХВ
Трошоци и провизии поврзани со старателски сметки
- за одржување на портфолиото на Хартии од вредност на клиентите
- за секоја склучена трансакција при тргување со Хартии од вредност (трансакциски трошок)
- за застапување на Собрание на Акционери
- останати стварни трошоци (превод на документи и заверка кај нотар, посебни изводи од ЦДХВ).
Потребни документи за отварање на старателска сметка на физички лица
- Апликација за отварање на старателска сметка
- Извод од трговски регистар во земјата во која е регистриран субјектот, не постар од шест месеци од кој може да се утврди датумот на неговото основање, називот, адресата, седиштето и дејноста која ја врши
- Специмен на потписи на овластени лица
- Копија од пасош на овластените лица
- Договор за отварање и водење на Старателска сметка