Правни лица | НЛБ Проклик

НЛБ Проклик

Зголемете ја ефикасноста на работењето на Вашата компанија и рационално трошете го Вашето време и средства со НЛБ Проклик - Електронско банкарство за правни лица!

НЛБ Проклик – Електронско банкарство за правни лица овозможува брзо, едноставно и сигурно извршување на сите банкарски работи преку било кој компјутер приклучен на Интернет, без потреба да доаѓате во банка.

Со НЛБ Проклик можете да вршите разни плаќања и да имате постојан увид на состојбата и движењата на Вашите сметки.

НЛБ Проклик преку технологии со високи безбедносни стандарди и дигитални сертификати овозможува сигурен и безбеден пристап и располагање со средтсвата на Вашите денарски и девисни сметки.

 

За кого е наменето?
За сите кои сакаат да заштедат време и средства и да ги извршат потребните банкарски работи на современ начин, едноставно, сигурно и брзо – 24 часа во денот – 7 дена во неделата.

Главни предности

  • Заштеда на време: пристап до Вашите средства од било кое место, 24 часа на ден, 7 дена во неделата, преку било кој комјутер приклучен на Интернет.
  • Сигурност: НЛБ Проклик е максимално заштитен со најсовремени технологии за заштита на податоците.
  • Прилагодливост: секоја од понудените услуги може да се прилагоди на Вашите специфични потреби.
  • Намалување на трошоците: со користење на НЛБ Проклик значајно ги намалувате Вашите трошоци.

Основни информации

  • Едноставен пристап до Вашите средства преку Интернет од било кое место
  • Овозможува комуникација со Вашата банка било кога, од било кое место
  • Преглед на состојбата и прометот на Вашите сметки и можност за вршење на разни плаќања
  • Сигурна, брза и квалитетна услуга
  • Зголемување на ефикасноста на работењето на Вашата компанија