Физички лица | Хартии од вредност | Тргување со хартии од вредност

Тргување со хартии од вредност

Преку оваа услуга, НЛБ Тутунска банка Ви овозможува брзо и едноставно да купите или продадете акции или обврзници. Овластените брокери на НЛБ Тутунска банка се обучени професионално и динамично да одговорат на Вашите потреби. Можноста за давање на налози по телефон ја намалува потребата од често доаѓање во просториите на банката, како и потребата од размена на налози по пат на факс или пошта.


Главни предности

  • Ефикасно и брзо реализирање на Вашите налози
  • Високи етички стандарди и професионална услуга
  • Можност за давање на налози по телефон
  • Бесплатен паркинг до 1 час во Дирекцијата на НЛБ Тутунска банка
  • Современа мрежа на експозитури распоредени на целата територија на Македонија 

Основни информации

Како да купам/продадам акции или обврзници?
  • Склучувате Договор за посредување
  • Вршите уплата на средства на клиентската сметка на НЛБ Тутунска банка (при купување)
  • Потпишувате налог за купување/продавање на соодветните хартии од вредност
  • Средствата од продажба ги префрламе на Вашата трансакциска сметка


ТрошоциПотребни документи

При купување: Однапред се врши уплата на потребните средства за купување на хартиите од вредност вклучително со провизиите на клиентската сметка на НЛБ Тутунска банка во НБРМ со број 100-0000700210-47, со цел на дознака: „за купување на х.в за клиент бр.____“.

При продавање: Од вредноста на продадените хартии вредност се одбива сумата потребна за провизиите и се врши исплата на нето вредноста на Вашата трансакциска сметка на третиот работен ден од денот на склучувањето на трансакцијата (Т+3).