.


Basic information


НЛБ СМС Известувањето
 Ви овозможува целосна контрола и зголемена безбедност при вршење на трансакции со Вашите платежни картички.

За кого е наменето?

НЛБ СМС известувањето е наменето за сите корисници на кредитни и дебитни картички на НЛБ Тутунска банка.

Главни предности

  • Користењето на оваа услуга ги опфаќа сите ваши кредитни и дебитни картички
  • За секој обид за трансакција со Вашата платежна картичка ќе добиете СМС известување на Вашиот мобилен телефон
  • СМС известувањето ќе го добиете веднаш по извршувањето на трансакцијата, како и информација за износот и местото каде е извршена трансакцијата
  • Доколку трансакцијата е неуспешна ќе добиете информација за неуспешниот обид
  • Доколку добиете информација за трансакција која Вие не сте ја направиле, веднаш блокирајте ја картичката на телефон 02 / 15 600, со што ќе спречите идни злоупотреби со картичката

Основни информации

  • Заштита од злоупотреба
  • Поголема безбедност
  • Проверка на износот на извршената трансакција
  • Заштита од повеќекратно извршување на иста трансакција на ПОС терминал
  • Потврда дека конкретната трансакција е извршена


Користењето на оваа услуга ќе Ве чини 100 МКД месечно и ќе се наплаќа директно од Вашата трансакциска сметка. Надоместокот за оваа услуга е променлив согласно Тарифата на надоместоци на услуги што ги врши НЛБ Тутунска банка.

За да ја користите оваа услуга можете да аплицирате преку web страната на Банката, на телефон  или да доставете пополнето и потпишано барање на факс (02 / 3219 - 519), на e-mail (helpdesk@tb.com.mk) или во експозитурите на НЛБ Тутунска банка.