Western Union

Брз трансфер на пари преку систем што овозможува примање и испраќање на пари низ целиот свет, на едноставен начин.

Карактеристики

  • Western Union Ви овозможува да примате и испраќате пари низ целиот свет
  • За да ја користите оваа услугата не мора да имате сметка во Банка. Потребно е само да дојдете во некоја од експозитурите на НЛБ Банка за да примите или испратите пари
  • Лицата кои праќаат или примаат пари меѓусебно се известуваат за времето на праќање и износот на средствата, а парите можат да се подигнат во истиот момент откако ќе бидат испратени
  • Месечниот лимит за испраќање на парични средства изнесува до 2.500 ЕУР
  • Дневно ограничување за прием на парични средства од 5.000 ЕУР

Како да испратите пари преку Western Union?

1

Дојдете во најблиската експозитура на НЛБ Банка и пополнете формулар за испраќање пари преку Western Union Money Transfer. За пополнетиот формулар ќе добиете потврда со контролен број.

Локатор на експозитури

2

Известете го примачот за трансферот на пари и соопштете му го контролниот број и износот што сте го испратиле.

3

Личноста што е назначена да ги прими парите во истиот момент може да ги подигне средствата.

Како да примите пари преку Western Union?

1

Испраќачот потребно е да Ве извести кога Ви се испратени пари преку агент на Western Union Money Transfer и на кој износ.

2

Во некоја од експозитурите на НЛБ Банка пополнете го формуларот за подигање на пари. По проверка на контролниот број и вашите лични податоци, парите ќе ви бидат исплатени. 

Локатор на експозитури

3

За испраќање и/или подигање на средства потребен ви е важечки документ за идентификација – лична карта или пасош.

За повеќе информации кликни тука