Инвестиција во изведба или реновирање на објект во кој живеат или го поседуваат, а со цел енергетска ефикасност и намалување на расходи за електична енергија/греење/ладење.
Проектите кои се прифаќаат за финансирање вклучуваат технологии наменети за домаќинствата кои исполнуваат стандарди на изведба и се подобни за финансирање според GEFFII во Р. Северна Македонија.
*5,95% СВТ за износ на кредит од 50.000 EUR, каматна стапка 4.675%, рок на отплата 240 месеци, манипулативен трошок 60.000МКД, трошок за апликација од 700 МКД, трошок за проценка 2.000 MKD и и ризико премија 3.326,16 ЕУР (пресметка со датум 16.6.2022).
**Врз висината на годишната стапка на вкупните трошоци (СВТ), влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, надоместокот за одобрување и администрирање на кредитот (манипулативен трошок), надоместокот за аплицирање и обработка (трошок за апликација) и висината на договорната каматна стапка.
***Каматната стапка е варијабилна, пресметана како збир од 6 (шестмесечен) ЕУРИБОР и фиксен додаток на годишно ниво. Официјални извори за објава на ЕУРИБОР стапките се European Monney Market Institute(EMMI), Globar Rate Set Systems LTD(GRSS), Thomson Reuters и останати овластени обезбедувачи на услуги од EMMI. Доколку стапката на Еурибор има вредност под нула, ќе се смета дека изнесува нула.
Потребни документи
Апликација Зелен кредит за енергетска ефикасност
Барање за верификација